Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Распоред на натпревари во 7 коло на детската лига
Распоред на натпревари во 7 коло на детската лига

Распоред на натпревари во 7 коло на детската лига

Викендов кој следува, ќе се одиграат натпревари во рамките на седмото коло од детската лига. Во ова коло ќе настапат само Вардаровите генерации родени “2005“, “2006“ и “2007“ година. Тие своите дуели ќе ги одиграат на терените на фудбалскиот клуб Работнички.

Генерациите на Вардар родени “2002“, “2003“ и “2004“ година, своите дуели од ова коло ќе ги одиграат во други термини, кои доплнително ќе бидат одредени. Причина се зафатените терени на ФФМ, на кои се подготвува младинската фудбалска репрезентација до 21 година, за претстојниот квалификациски меч против Франција.

Ви го презентираме распоредот и термините на одигрување на натпревари на нашите генерации. Сите мечеви ќе бидат одиграни во сабота.

Фк Вардар(1) генер. “2005 – Башкими     терен бр. 1  12:00

Фк Вардар(2) генер. “2005“ – Смиљковци  терен бр. 1  09:45

Ринија – Фк Вардар(1) генер. “2006“  терен бр.2  11:20

Милано – Фк Вардар(2) генер. “2006“  терен бр.2  12:30

Фк Вардар(1) генер. “2007“ – Работнички  терен бр.2  09:00

Фк Вардар(2) генер. “2007“ – Македонија терен бр.2  09:35