Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците по “заверка“ на пласманот во 1/2 на купот
Кадетите и младинците по “заверка“ на пласманот во 1/2 на купот

Кадетите и младинците по “заверка“ на пласманот во 1/2 на купот

Кадетите и младинците на Фк Вардар денес треба да го заверат плaсманот во полуфиналето на националниот куп.

Кадетите не би требало да имаат никакви проблеми околу тоа кој ќе биде патник во следната рунда. Денес со почеток од 10 часот на теренот на локомотива, ќе започнеме со предност од 4:1 во дуелот против Младост Ц.Д. На првиот натпревар одигран во Охрид, избраниците на Влатко Колев во најголем дел го решија прашањето околу конечниот победник во овој двомеч. Во неделата оваа генерација забележа триумф во првенството, против Ренова со високи 4:0, што значи во одлична атмосфера и без резултатски протисок го дочекуваат реванш мечот во 1/4 на купот.

-Младинците исто така имаат позитивен резултат од првиот меч одигран на гостински терен против екипата на Шкупи. Со предност од 2:1 ќе го стартуваме реванш дуелот помеѓу овие два тима, на теренот на локомотива. Мечот ќе започне од 12 часот. Овој резултат не треба да не лаже, и потребно е да се влезе со голема претпазливост, бидејќи Шкупи знае да биде многу незгоден противник. Во лигата на истиов терен веќе ги победивме, тогаш мечот заврши со 3:0 во корист на црвено-црните. На последниот првествен дуел, младинците триумфираа против Ренова.