Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Кристијан Ристовски: Доколку продолжиме во исто темпо, може да атакуваме на двојна круна
Кристијан Ристовски: Доколку продолжиме во исто темпо, може да атакуваме на двојна круна

Кристијан Ристовски: Доколку продолжиме во исто темпо, може да атакуваме на двојна круна

Пионерите на Фк Вардар се првата генерација која успеаа да се пласира во полуфиналето на националниот куп. После победата во Скопје од 3:0, денес на реваншот во Прилеп забележавме уште еден убедлив триумф со резултат 0:4. Црвено-црните целосна ја оправдаа улогата на фаворит во овој двомеч и сосема заслужено се најдоа во завршницата на купот. Стрелци на головите беа: Јакуп Бериша, Марко Ѓоргиевски, Кренарт Далиша и Кристијан Ристовски.

-Денешната утакмица како што и очекувавме заврши во наша корист, со резултат од 4-0. Во првиот дел екипата почна да ја игра својата игра,преку крилна позиција дојдовме до водство. Продолживме со исто темпо што резултираше со резултат од 2-0. Јас лично сум задоволен од мојата игра и пред крајот на прво полувреме се најдов во прилика за гол која што ја искористив и поведовме со 3-0. Со тој резултат отидовме на пауза. Во вториот дел од утакмица играјќи ја својата претпознатлива игра дојдовме до конечните 4-0.

До крајот на есенскиот дел  претстои уште едно коло во лигата, каде оваа генерација се наоѓа на третото место со само еден бод заостанување зад првопласираните две екипи на табелата.

Со веќе покажаната игра, шансите за освојување на Купот на Македонија се многу реални. Доколку продолжиме во исто темпо, може да атакуваме на двојна круна, освојувајки ја и лигата, изјави Кристијан Ристовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски