Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите се пласираа во 1/2 на купот, пом. пионери ги завршија настапите
Пионерите се пласираа во 1/2 на купот, пом. пионери ги завршија настапите

Пионерите се пласираа во 1/2 на купот, пом. пионери ги завршија настапите

Денес се одиграа реванш натпреварите, во рамките на 1/4 од купот на Македонија кај младинските фудбалски категории. Своите мечеви ги одработија пом. пионери и и пионери на Фк Вардар.

Помладите пионери не успеаа да направат изненадување на теренот во Тетово и по втор пат изгубија од екипата на Шкендија. После првиот дуел одигран во Скопје, на кој противникот славеше со 2:о, денес пред својата публика Шкендија го завери пласманот во најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Мечот заврши со конечни 2:1. По првото  полувреме резултатот беше израмнет 1:1. Домаќините беа тие што први го отворија резултатот на овој дуел. До крајот на првиот дел израмнивме со голот на Ибрахим Ариф. Во последните минути од мечот, Шкеднија погоди од брз контра-напад за конечни 2:1. После овој неупех сега сите погледи се насочени кон националното првенство, каде црвено-црние се наоѓаат на првото место на табелата, со вкупно 9 победи и само 1 нерешен резултат. Денешниот противник се наоѓа на второто место на табелата со четири бода помалку од Вардар.

Фк Вардар: Андов, Ѓурковски, Манасиев, Чурлинов, Симоновски, Бојковски, Петковски, Асенов, Спировски, Ариф Астарџиев.

Пионерите пак немаа никакви проблеми да забележат триумф и на реванш мечот кој се одигра денес во Прилеп. Избраниците на Сашо Тодоровски уште еднаш ја потврдија класата и квалитетот во однос на противникот и славеа со убедливи 4:0. Уште по првиот дел беше познат патникот во полуфиналната рунда, кога имавме водство од 2:0. Второто полувреме беше чиста рутина и доработување на натпреварот. Стрелци на головите беа: Кренарт Дарлиша, Марко Ѓориевски, Кристијан Ристовски и Јакуп Бериша. Со вкупен резултат од 7:0 младите Вардарци се најдоа во 1/2 на националниот куп.