Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Никола Стојковски: Се гледаме како “можни“ учесници во супер лигата
Никола Стојковски: Се гледаме како “можни“ учесници во супер лигата

Никола Стојковски: Се гледаме како “можни“ учесници во супер лигата

Најпријатното изненадување оваа сезона во првата ракометна лига е секако младата екипа на Рк Вардар 2. Како шампиони во младинска конкуренција, преминаа да се натпреваруваат во првата ракометна лига. Викендов одиграа нов дуел, на кој триумфираа и впишаа нови бодови со кои се зацврстуваат на врвот на табелата. Совладана беше екипата на Македонија Ѓ.П. со резултат 19:26. Ова е вкупно седми триумф во лигата, со само еден доживеан пораз. Стјковски беше еден од подобрите играчи, постигнувајќи 3 голови од исто толку обиди.

-Овој натпревар ни беше битен, како и секој нареден после него. Влеговме максимално мотивирано и сконцетрирано со желба да ја оствариме седмата победа во оваа сезона. Екипата на Македонија Ѓ.П ни пружи отпор во текот на првото полувреме, иако нашиот тим беше во постојано водство. Во вториот дел проработи одбраната и до израз дојде кондициската и психичката спремност на целата екипа.

Црвено-црните силно веруваат во себе и своите квалитети, дека можат на крајот од сезоната да освојат едни од првите две места и да се пласираат во најсилната супер-лига.

Секако дека очекувавме триумф, но секој меч е посебно неизвесен сам по себе. Оваа сезона се сретнуваме со нов предизвик, а тоа е првата ракометна лига во која учествуваат поиксуни и повозрасни играчи за разлика од нас. Сепак тоа не претставува пречка да бидеме први на табелата. Со досегашните напорни тренинзи и одличната тимска игра координирана од нашиот тренер Стојан Петрушевски, секако дека се гледаме како “можни“ учесници во супер лигата. Ние како тим се стремиме кон таа цел, изјави Никола Стојковски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски