Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У16 ремизираше со Турција, Алији и Сековски запишаа настап

Македонија У16 ремизираше со Турција, Алији и Сековски запишаа настап

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра 0:0 на првиот контролен натпревар со соодветната репрезентација на Турција.

Натпреварот кој се одигра во Истанбул заврши без голови, иако и двете репрезентации имале шанси за погодок. Во стартниот состав на селекторот Неџат Шабани се најде само еден вардаров играч, се работи за Алтин Алији. Во игра во 30. минута влезе и Дарко Сековски кој го заврши мечот до крајот.

Шанса за настап на вториот натпревар кој на програмата е на 26.август ќе бараат Димитар Порчу и Андреј Величковски.