Вардар го очекува првиот поголем предизвик, со новата екипа и тренер. Црвено-црните утре во С.Ц. Јане Сандански во рамките на првиот четврт-финален натпревар од СЕХА-лигата го пречекува тимот на Загреб.
Новото засилување на голот, Мартин Томовски, во пресрет на утрешниот натпревар ги искажа своите очекувања.
-Загреб е солидна екипа, која годинава играше добро во СЕХА лигата, а тимот и се засили. Одбраната им е главно оружје. Ние се надеваме дека тоа само така изгледа гранитно, бидејќи на средината имаат двајца играчи со искуство во Бундеслигата. Не треба да не интересираат тие работи, имавме доволно време да се подготвиме. Вршиме и видео анализи, со кои се надевам ќе ги сумираме сите нивни слабости и ќе ги искористиме. Дилема нема, јасно е дека ќе одиме на триумф на двата меча и пласман на Ф4 во Задар, истакна македонскиот репрезентативец.