Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Македонија У21 високо ја порази Бугарија, настап за тројца вардарци
Македонија У21 високо ја порази Бугарија, настап за тројца вардарци

Македонија У21 високо ја порази Бугарија, настап за тројца вардарци

Македонија У21 го доби последниот натпревар на подготовките во Анталија. Момците на Благоја Милевски беа убедливи на дуелот со соодветната репрезентација на Бугарија, која ја совладаа со високи 5:1.

Македонија по првото полувреме имаше водство од 2:1, додека во второто полувреме нашите надежи постигнаа уште три нови голови во мрежата на Бугарија.

Александар Ѓурковски се најде во стартниот состав, додека во второто полувреме во игра влегоа Виктор Крстевски и Мартин Радуловиќ-Величковиќ.

На „Анталија Куп“, Македонија одигра три натпревари на кои оствари по една победа, нерешен резултат и пораз.