Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Во среда, кадетите и младинците ќе ги одиграат одложените натпревари со Победа
Во среда, кадетите и младинците ќе ги одиграат одложените натпревари со Победа

Во среда, кадетите и младинците ќе ги одиграат одложените натпревари со Победа

Одложените натпревари од 11.коло против екипата на Победа ќе се одиграат во текот на утрешниот ден. Кадетите и младинците утре ќе патуваат за Прилеп каде треба да ги одиграат своите дуели кои беа одложени поради врнежи од снег.

Кадетите на Вардар со евентуален триумф ќе се одвојат на врвот на табелата со три бода предност пред екипата на Академија Пандев која во ова коло беше поразена на домашен терен од екипата на Македонија Ѓ.П, додека младинците ќе се обидат да стигнат до првата победа во пролетниот дел од сезоната.

Натпреварите против Победа во среда ќе започнат во термините од 12:00 и 14:00 часот.