Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар утре го пречекува тимот на Спартак
ЖРК Вардар утре го пречекува тимот на Спартак

ЖРК Вардар утре го пречекува тимот на Спартак

Утре, 31.март во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје екипата на ЖРК Вардар ќе биде домаќин на тимот од Кисела Вода, екипата на ЖРК Спартак Сетекс.

Станува збор за дуел од 16.коло во женската Супер ракометна сениорска лига. Дуелот е закажан со почеток во 19-00 часот. Вардар влегува како фаворит, на есенскиот дуел ние триумфиравме кај истиот ривал во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода.  Девојките на Драгана Ристова и Александар Царчев по минатото коло се на позицијата број три на табелата, откако остварија победа во Гевгелија, а Чаир беше поразен на домашен терен па ги минавме.