Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Македонија У17 ја победи Андора, настап за Стојилевски и Здравковски
Македонија У17 ја победи Андора, настап за Стојилевски и Здравковски

Македонија У17 ја победи Андора, настап за Стојилевски и Здравковски

Прва победа за македонската фудбалска репрезентација до 17 години. Во рамките на последното коло од квалификациите за пласман во Елитната Рунда, нашата млада репрезентација стигна до убедлива победа на натпреварот против репрезентацијата на Андора.

Избраниците на Тони Јакимовски ја оправдаа фаворитската улога и славеа висока победа со резултат 6:0. Во стартниот состав на нашата репрезентација повторно се најде Марко Стојилевски, додека во игра влезе и Симеон Здравковски.

Со оваа победа, Македонија заврши на третото место во својата група и сега ќе ја чека разврската од останатите групи, со оглед дека пласман во следната фаза обезбедуваат и најдобрите четири репрезентации кои завршиле како третопласирани во својата група.