Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Жал ми е за поразот, бидејќи атмосферата во салата беше одлична
Вујовиќ: Жал ми е за поразот, бидејќи атмосферата во салата беше одлична

Вујовиќ: Жал ми е за поразот, бидејќи атмосферата во салата беше одлична

Екипата на Монпелје му го нанесе првиот пораз на Вардар сезонава во Лигата на Шампионите. Противникот беше подобар на теренот, имаше предност во најголем дел од натпреварот и на крајот триумфираше со резултат 31:25. После завршување на натпреварот своите впечатоци ги сподели тренерот Вујовиќ кој го изјави следново:

-Честитки до Монпелје за победата и перформансите. Во текот на целата игра, Вардар не одигра добро, не како што гледавме на претходните натпревари. Жал ми е за ова, бидејќи атмосферата во салата беше одлична. Мораме да го почитуваме Монпелје. Денеска не одигравме добро, но ќе изгледаме посилни по овој натпревар. Сезоната е долга и се надевам дека ќе играме многу подобро во иднина.

Диало истакна дека лошиот старт бил пресуден за поразот.

-Од самиот почеток почнавме лошо. Монпелје имаше подобар стар и тоа беше пресудно. Вардар секако од овој меч ќе извлече многу поуки. Монпелје мора да се почитува бидејќи и досега покажаа дека се одличен тим. Сезоната е долга и ќе мора подобро да се подготвиме. Секако им благодарам на навивачите за прекрасната атмосфера што ја направија.