Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕКОЈА ЧЕСТ: Навивачите за чиста ,,10-ка”
СЕКОЈА ЧЕСТ: Навивачите за чиста ,,10-ка”

СЕКОЈА ЧЕСТ: Навивачите за чиста ,,10-ка”

Иако Вардарци го претрпеа првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите, добија голема поддршка од навивачите кои направија најдобра атмосфера оваа сезона на домашен терен.

Иако Вардар губеше во текот на целиот натпревар, иако одигра слаб дуел, сепак, навивачите на Вардар (кои беа над 2000), направија супер атмосфера и во ниту еден момент не застана нивната песна, иако како што рековме вардарци на теренот играа под очекувањата.

Вечерва Комитите и Вардарците направија одлична атмосфера, а добија и големи пофалби од коментаторите на Арена Спорт.

Секој клуб би посакал да има вакви верни навивачи. Секоја чест до сите кои вечерва беа во салата и му даваа поддршка на Вардар.