Македонската репрезентација на Македонија до 21 година стигна до првите бодови на ЕП. Поладнево во еден многу возбудли натпревар нашите надежи и Србија одиграа нерешено 2:2 (0:1).
Македонија многу лошо го одигра првиот дел, на пауза заминавме со еден гол негатива. Во вториот дел нашите момчиња се разгубија и одиграа одлично полувреме. Во 64 минута преку Барди Македонија израмни на 1:1. Целосниот пресврт нашиот тим го направи во 83 минута преку Ѓорѓев кој со одличен удар го матираше голманот на Србија. За жал, во 90 минута Србија израмни на 2:2. Ова беше конечен резултат од овој дуел.
На овој натпревар одлична претстава имаа вардарците Велковски, Демири, Николов и посебно Алексовски кој одбрани неколку чисти голови на противникот. На клупата останаа Петковски и Муслиу.