Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов 50 натпревар во „црвено-црниот“ дрес го круниса со погодок

Попов 50 натпревар во „црвено-црниот“ дрес го круниса со погодок

Играчот од одбраната на Вардар Горан Попов, прослави мал јубилеј на натпреварот изминатиов викенд против Македонија ЃП. Нашиот стандарден првотимец на саботниот натпревар го запиша својот 50. официјален натпревар во “црвено – црниот” дрес.

Овој мал јубилеј Попов го одбележа на одличен начин, нашиот играч во 15. минута од мечот го отвори резултатот за предност на својот тим. Ова беше прв погодок сезонава за нашиот играч, Попов досега во дресот на Вардар има постигнато вкупно три погодоци на официјални натпревари.