Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи и два порази за Вардаровите екипи во дуелите со Пелистер, во второто пролетно коло од лигата
Две победи и два порази за Вардаровите екипи во дуелите со Пелистер, во второто пролетно коло од лигата

Две победи и два порази за Вардаровите екипи во дуелите со Пелистер, во второто пролетно коло од лигата

Изминатиов викенд се одигра второто пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Нашите генерации за противник го имаа Пелистер, забележувајќи две победи и два порази. Подобри во дуелите со Битолчани беа кадетите и младинците, додека пионерските екипи го загубија дуелот во Битола.

Тренерот Сашо Јанев се соочува со големи проблеми околу составување на тимот за помладите пионери, па на гостувањето во Битола беше принуден во првиот состав да вметне двајца играчи кои се родени “2002“ година. Иако добро се држевме на гостувањето во Битола, поради доделен црвен картон на еден наш играч, во продолжение од мечот паднаа двата гола и тоа во нашата мрежа за победа на противникот од 2:0. По овој пораз Вардарци остануваат на долниот дел на табелата, со се помали шанси дека оваа сезона може да се стигне до трофејот, откако веќе испаднавме и во купот на Македонија. Ова е прв пораз во пролетниот дел, а вкупно петти оваа сезона.

Пионерите неможат и понатаму да ја пронајдат вистинската форма и игра која ги красеше до средината на есенскиот дел од сезоната. Генерацијата која минатата сезона ја освои двојната круна многу лошто го започна пролетниот дел и по два натпревари има исто толку порази. Избраниците на Сашо Јанев го загубија и дербито против Пелистер и на тој начин паднаа на третото место на табелата. Од втората позиција не потисна Шкендија, додека предноста сега на лидерот Шкупи е дури седум бода, што говори дека Вардар ќе има тежок пат кон одбрана на трофејот од лигата, со оглед дека против најголемиот конкурент во пролетниот дел треба да играме на гостински терен. Се надевам дека ова е само моментален пад на формата, која се надеваме дека ќе прекине од следниот првенствен меч.

За разлика од пионерските екипи, кадетите играа добро во пролетниот дел и веќе собраа четири бода од два одиграни натпревари. Прв триумф во пролетниот дел забележаа избраниците на Колев, откако на домашен терен убедливо ги победивме врсниците од Битола. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци за триумф од 3:0. Тоа беа Абдулхади, Јордановски и Дишлиески. По ова коло нема промена на табелата, односно Работнички останува лидер со само еден бод повеќе од Вардар. Работнички во ова коло славеше во дуелот против Гостивар и ја зачува првата позиција на табелата.

Прва победа во пролетниот дел остварија и нашите младинците кои со “петарда“ во мрежата го испратија Пелистер дома. Исмаил, Димков, Даци, Колевски и Стојчевски погодија за конечни 5:0. И тука нема промена на табелата во однос на претходното коло. Бодовната разлика помеѓу Вардар и Шкендија е два бода во корист на нашиот состав.