Влеговме во елиминацискиот дел од ракометната лига на шампиони, каде веќе нема поправен испит за екипите. Секој изгубен меч може тимовите да ги чини елиминација во најголемото ракометно натпреварување. Осминафиналниот дел започнува вечерва со натпревар помеѓу екипите на Кил и Рајн-Некар. Пред започнување на елиминациската рунда, експертите на ЕХФ направија анализа за шансите на екипите да се најдат на завршниот турнир. Според оваа анализа на Вардар му се даваат големи шанси да се најде на завршниот турнир во Келн, односно црвено-црните се рангирани на четвртата позиција која не носи во Келн. Тоа значи дека во четврфиналниот дуел, повеќе шанси му се даваат на Вардар, без оглед на противникот (Фленсбург-Брест Мешков).
-Вардар загуби само еднаш на домашен терен (против Рајн-Некар) но истиов противник го победи на неговиот терен во Германија. Поразите во Брест и Загреб можеа да го чинат Вардар прво место, но избраниците на Гонзалес сепак на крајот завршија како први. Со трета најдобра разлика гол разлика (+34) и силни перформанси дома, Вардар се подготвува за своето прво патување во Келн, напишаа експертите на ЕХФ за црвено-црните.
Вака изгледа рангирањето на екипите пред започнување на осминафиналните натпревари:
1. ПСЖ
2. Барселона
3. Веспрем
4. Вардар
5.Киелце
6. Флензбург
7. Пик Сегед
8. Рајн-Некар
9. Кил
10. Брест Мешков