Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Хамзиќ за три бода, младинците со минимална победа над А.Пандев ја започнаа сезоната
Хамзиќ за три бода, младинците со минимална победа над А.Пандев ја започнаа сезоната

Хамзиќ за три бода, младинците со минимална победа над А.Пандев ја започнаа сезоната

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар со триумф ја стратуваа новата сезона. Тие денес на теренот во населбата Јане Сандански забележаа победа над екипата на Академија Пандев. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:0.

Тренерот Марковски го започна мечот во следниов состав: Трајчевски, Исмаил, Тодоровски, Ричков. Т. Тодоровски, Додевски, Личина, Димитровски, Хамзиќ, Беќири и Најдоски.

Јасир Беќири беше првиот кој имаше удар кон противничкиот гол. Сепак гостите од Струмица ја имаа првата посериозна прилика на овој дуел, но нашиот голман Филип Трајчевски брани феноменално. Во следните 15 минути се играше без посериозни прилики кон двата гола. Следен кој се обиде беше Борјан Тодоровски со глава, при нафрлена топка од корнер. Повратникот во редовите на Вардар, кој минатата сезона ја пропушти поради повреда Едис Хамзиќ го отвара резултатот на овој натпревар. Одлична нафрлена топка на Беќири од десната страна, највисок во скокот во противничкиот шеснаесетник беше Хамзиќ кој со одлично чуство ја смести топката во горниот десен агол. Вардарци ја контролираа играта на теренот и не му дозволуваа на противникот да создаде посериозни прилики кон нашиот гол. Во следниот период повторно се обиде Тодоровски, кој со глава за малку биеше покрај голот на А.Пандев. До крајот на првиот дел, удар и за противникот, кој заврши над нашиот гол. Првите 45 минути завршија со водство на Вардар од 1:0.

vardarfans mladinci

Измена во вториот дел во игра влезе кадетот Дишлиевски, на местото на Александар Најдоски кој повторно се врати во редовите на Вардар после една одиграна сезона во Сиднеј од Австралија. Дарко Додевски имаше можност да го загрози голот на А. Пандев, но неговиот удар е изблокиран во корнер. Во следната акција се обиде Есмин Лична со глава, но во рацете на противничкиот голман. Гостите од Струмица имаа можност да го израмнат резултатот, се создаде опасна акција, за наша среќа топката завршува за малку покрај голот на Трајчевски. Во следниот период се обидоа Беќири и Хамзиќ, кои шутираа во рамките на голот од А. Пандев, но резултатот остана непроменет.  По заминувањето на неколку играчи, нашиот младински состав речиси и да остана без соодветни замени од клупата. Овој дуел го одигравме со 12 играчи, со тоа што во последната минута беше направена уште една замена. Заврши натпреварот со оној резултат, кој беше актуелен по првите 45 минути.

Заслужена победа за нашите младинци, кои со три бода ја започнаа новата натпреварувачка сезона. Пожртвувана игра во текот на сите 90 минути за нашите момци.