Црнагорскиот репрезентативец и најновото засилување за РК Вардар, Вуко Борозан засега се покажува како добро засилување за нашиот ракометен шампион. Покрај одличните одбранбени карктеристики, Борозан добро се снаоѓа и во нападот, каде засега е еден од најефикасните играчи на црвено-црните на контролните мечеви. До овој период одигравме три подоготвителни натпревари, од кои два беа со вицешампионот на Словенија, екипата на Горење Велење. На овие дуели, Борозан постигна по идентични 6 гола.
Во текот на вчерашниот ден избраниците на Гонзалес го одиграа и првиот натпревар на турнирот Белгазпромбанка“, на кој виского го поразија тимот на Сесон Рен од Франција (39:28). Борозан повторно блескаше во нападот и во отсуство на Деревен беше принуден сам да ја покрие таа лева бековска позиција. Мечот го заврши со дури 9 постигнати голови и заедно со Дибиров беа најефикасни играчи во победата. Значи на вкупно три натпревари Вуко постигна 21 гол, или по 7 во просек на секој меч, што е одлична бројка зад името на црнагорскиот репрезентативец кој се покажува како квалитетно засилување за Вардарци.
Денес го играме и вториот меч на турнирот во Брест, каде за противник ја имаме Висла Плоцк. Мечот ќе започне од 13 часот по Македонско време.