Денес официјално беше означен почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, за младите фудбалски категории на Вардар. Кадетите и младинците имаа полесен тренинг, кој се состоеше пред се во физичка подготовка со трчање околу кеј. Помладите пионери и пионери својот прв тренинг ќе го имаат во среда.
Има некои мали промени во сите категории кои ќе се натпреваруваат во новата сезона. Генерација родени 97/98 ќе бидат младинци, а нивни тренер ќе биде Љупчо Марковски-Калц, кој пак минатата сезона ги предводеше кадетите. Со нив го освои купот на Македонија и стана вицешампион во лигата. Младинците ќе бидат составени воглавно од играчи кои минатата сезона настапуваа под “кадети“ и 5-6 фудбалери кои играа за младинците. Многу играчи кои настапуваа за младинците минатата сезона веќе не се дел од клубот и на нив нема да се смета во новата сезона. Генерација родени “99“ ќе настапуваат како кадети, а нивни тренер ќе биде Ане Андоновски. Ова е во глобала екипата која настапуваше под името пионери минатата година.
Генерациите за оваа сезона се поместуваат за една понапред. Момците кои ги предводеше Сашо Тодоровски сега се пионери и ќе ги води истиот тренер. Единствено остана нејасно прашањето кој ќе биде тренер на помладите пионери во новата сезона. Тренерите останаа исти во Вардар, само Петар Ѓоргиевски кој ги водеше младинците, не е повеќе дел од овој тим.
За сите нови информации и промени во категориите на Фк Вардар ќе бидете навремено известувани. Ние како веб сајт за промоција на младите, влегуваме и во новата сезона со максимална посветеност и ажурност.