Голем пех за Никола Глигоров. Еден од најдобрите играчи, големото засилување Дарко Мицевски се повреди па така денес нема да биде во комбинација за дуелот во Охрид.
Се работи за повреда на задната ложа, која бара мирување на фудбалерот. Се надеваме дека не е ништо сериозно и дека популарниот Панта ќе го прескокне само овој дуел.
На негово место во тимот се наоѓа Керим, кој заедно со Мартин Блажевски и младиот Николов ќе ја организираат играта на вардарци.