Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери ја совладаа Брегалница на пријателски дуел
Пом.пионери ја совладаа Брегалница на пријателски дуел

Пом.пионери ја совладаа Брегалница на пријателски дуел

Помладите пионери на ФК Вардар, денес беа домаќини на ФК Брегалница од Штип. На оваа пријателска средба до победа со резултат 2-0 (2-0) со одлична игра дојдоа момците во црвено-црни дресови. Оваа контролка на теренот на тренинг центарот на ФК Bардар беше последна пред почетокот на првенството кој е закажан за следниот викенд.

274343820_10221011309894635_1964758068490420013_n

Натпреварот го започнавме со следниот состав: Максим Краљевски, Димитар Порчу, Драган Јанкоски, Дамјан Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Андреј Величковски, Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Михаил Танчев и Стефан Коловски.

274367650_10221011310014638_1689534548870559587_n
Отворивме многу подобро од ривалот од Штип, ние имавме доминација во поле и посед па создававме прилики за гол. Најпрвин со глава се закани Коловски Стефан, потоа Танчев Михаил успеа да погоди. Со неговиот трет гол на последните две „контролки“ тој стрелаше за наше водство од 1-0. Следеа минути во кои атакувавме да ја удвоиме предноста на оваа средба, најпрвин се обиде стрелецот на голот, Танчев со волеј. Гаштаров Матеј доби една топка, тргна во соло-продор и упати силен удар од 20.сетина метри, голманот на Брегалница беше поуспешен. Штипјани имаа два обида за реми, на нашиот гол Максим Краљевски беше сигурен и не дозволи изедначување. До крајот имавме уште две закани, најпрвин капитенот Порчу Димитар се обиде по прекин со глава неговиот удар не донесе гол, Величковски Андреј стрелаше во следната шанса за наша предност од 2-0. Со овој резултат се замина на одмор на оваа контролна средба.

274229642_10221011312054689_8297444506665255162_n 274245407_10221011312414698_1141019294258056916_n 274348123_10221011312214693_2628854876782456633_n
Вториот дел го отвривме со целосна доминација и три големи шанси за погодок во првите 10.минути од вториот период на оваа „контролка“. Нуман Ајетовиќ прв се обиде со удар од 20.метра, одкосо. Потоа две прилики имаше Гаштаров, сепак и по овие шанси не успеавме да дојдеме до трет гол. Од клупата добија шанса сите играчи, ритамот остана исти ние бевме тимот кој го диктираше темпото, штипјани се закануваа само спорадично на овој натпревар. До крајот имавме уште нови три големи прилики, сепак победата ја остварвиме со резултатот од првиот дел, 2-0. За нас имаа шанси најпрвин Лефковски Давор чиј удар голманот на ривалот го одбрани. Потоа се закани повторно Танчев, а најубавата шанса ја имавме од слободен удар. Андреј Величковски го изведе од 25.метра, упати одличен удар кој за неколку сантиметри за жал не заврши под гредата на денешниот противник.