Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Списокот се продолжува, Малме има повредено три клучни играчи
Списокот се продолжува, Малме има повредено три клучни играчи

Списокот се продолжува, Малме има повредено три клучни играчи

Ривалот  на ФК Вардар во 2-то квалификациско коло за пласман во УЕФА Лигата на шампионите, екипата на Малме се соочува со играчки проблеми. Малме вчера на гостувањето кај Хакен славеше со 1-0, но двајца фудбалери се повредија. Станува збор за Бехранг Сафари и Александер Јеремејеф кои доживеаја повреди и многу веројатно нема да играат против Вардар во првиот меч.

Стоперот Сафари се повреди пред крајот на првото полувреме и го напушти теренот, а на негово место во игра влезе Хаџикадуниќ. Пред крајот на натпреварот се повреди и Јеремејеф кој, исто така, замина во соблекувалната, но Малме го доигра натпреварот со десетмина фудбалери затоа што тренерот веќе ги направи трите замени.

Бехранг Сафари доживеа истегнување уште во раната фаза од натпреварот и моравме да го замениме. Во следните денови ќе направиме нови испитувања и точно ќе знаеме до каде е ситуацијата. Јеремејеф има истегнување на препоните и тој веројатно нема да игра извесен период”, изјави тимскиот физиотерапевт Јеспер Робертсон.