Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кристиансен еден од главните организатори во играта на Малме
Кристиансен еден од главните организатори во играта на Малме

Кристиансен еден од главните организатори во играта на Малме

Продолжуваме со анализа на играчите на тимот на Малме. Доаѓаме до уште еден брз и квалитетен играч, се работи за 27 годишниот поранешен Дански репрезентативец, Андерс Кристиансен.

Кристиансен е еден од главните организатори во играта на тимот на Малме заедно со Левицки. Овој Дански играч сезонава има одиграно вкупно 14 натпревари во шведската лига со постигнати два погодоци. Кристиансен од 2016 година е дел на тимот на Малме, минатата сезона постигнал 6 голови на 22 натпревари.

Пред да дојде во тимот на Малме настапувал за тимот на Киево. За италијанскиот калчо лигаш, во сезоната 2015-16 настапил на четири натпревари, односно одиграл вкупно 234 минути. Покрај за овие два тима во кариерата има настапувано и за данските екипи на Лингби и Нортсјеланд. Кристиансен може да се пофали дека има одиграно и четири натпревари за Данската селекција.