Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Покрај многу повредени играчи Малме дополнително ослабува откако отпушти уште еден фудбалер
Покрај многу повредени играчи Малме дополнително ослабува откако  отпушти уште еден фудбалер

Покрај многу повредени играчи Малме дополнително ослабува откако отпушти уште еден фудбалер

Раководството на Малме има неколку чудни одлуки пред двомечот со  македонскиот шампион Вардар. Па така  пред двомечот од втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите што ќе го играат овие две екипи на 12. и на 18. јули се ослободи од еден играч, а притоа има серија повредени првотимци. Викендов за Малме последниот меч против екипата на  Хакен одигра Перуанецот, Јошимар Јотун.

Токму Јотун (27 години)  е играчот од средниот ред го одигра викендов целиот меч против Хакен кој заврши  во победата на Малме од 1:0. Малме има сериозни проблеми со повредените играчи, а веќе отпушти и двајца играчи. Маркус Розенберг сигурно не игра против Вардар, неизвесни се и стоперот Беранг Сафари и шпицот Александер Јеремејеф. Розенберг се повреди пред една недела,  на листата повредени му се приклучи и двоецот Сафари и Јеремејеф, кои се неизвесни за двомечот на 12. и на 18. јули. И на сето тоа Малме најпрво му даде зелено светло на Тобијас Сана да си замине,  истото се случи со Јотун.