Продолжуваме со анализа на играчите на тимот на Малме. Следен и многу важен играч на овој тим е искусниот 36 годишен голман, Јохан Виланд.
Виланд со сигурност ќе биде стартен голман на Малме на дуелите против нашиот Вардар. Овој голман трета сезона е во тимот на Малме. Оваа натпреварувачка сезона е прв голман на тимот без пропуштена ниту една минута во шведската прва лига. Виланд во својата кариера покрај за тимот на Малме, има играно и за данскиот тим на Копенхаген. За овој дански тим Виланд настапувал во периодот од 2009 до 2015 година запишувајќи 142 натпревари крај своето име. Покрај за овие два тима, има настапувано и за тимот на Елфсборг, каде има одиграно 206 натпревари. Виланд исто така може да се пофали дека во својата кариера на девет наврати ја бранел мрежата на шведската репрезентација.
Се надеваме дека овој голман повеќе пати ќе ја вади топката од својата мрежа на дуелите против Вардар.