Нашиот ривал во 2.коло од квалификациите за Лигата на шампионите во фудбал, екипата на Малме тргна кон Македонија. Тие треба според планот да пристигнат кај 14-00 часот на скопскиот аеродром “Александар велики“.
Потоа ќе се упатат на југоистокот на земјава, и се очекува некаде околу 16-00 да пристигнат во градот каде ќе се игра дуелот утре, Струмица. Потоа скандинавците треба да имаат тренинг во 18-00 часот, поточно во терминот на утрешниот натпреварот на стадионот “Младост“ во Струмица. Вардар влегува со поволни 1-1 во овој дуел, и со надеж за минување на колото. Малме играше во саботата попладне дуел од домашната лига па затоа имаше кратко време за одмор и пат до Струмица за разлика од нас, ние три дена минавме во Малме за аклиматизација.