Денес се одигра второто коло во лигата на Б-тимовите. Свој настап имаше фудбалскиот клуб Вардар кој ремизираше со екипата на Металург. Конечниот резултат беше 1:1. Двата голови паднаа во вториот дел. Најпрво Металург дојде до водство со голот на Шопоски и имаше поволен резултат. Радоста на противникот не траеше долго време, па Филип Петковски го израмни резултатот. Погодокот беше со удар од белата точка. Мечот се одигра на теренот во населбата Железарница. На овој меч шанса за настап и докажување добија неколку играчи кои настапуваат за младинската екипа, како Трифунов, Јовановски, Хамзиќ, Спировски и секако Ѓорѓи Малов.
-Овој натпревар беше неизвесен до самиот крај, иако имавме многу тежок терен за играње. Искрено посакував да бидам повикан за Б-тимот на Вардар и таа желба ми се оствари. Прв пат имав можност да бидам во екипа со играчи кои настапуваат за првиот тим во ПМФЛ. Задоволен сум од прикажаната игра, иако секогаш може подобро.
Ова е втор нерешен резултат, после оној против Брегалница во Штип. Веќе во петок играме против тимот на Работнички.
Се надевам дека и во следните мечеви, ќе добивам повик, на што максимално ќе одговорам на поставените задачи, изјави Ѓорѓи Малов за Вардар фанс.
Звонко Ивановски