Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со одлична игра и реми во гости кај моќниот Веспрем
Вардар со одлична игра и реми во гости кај моќниот Веспрем

Вардар со одлична игра и реми во гости кај моќниот Веспрем

По паузата поради неделата на ЕХФ и репрезентативните обврски, ракометарите на Вардар го одиграа големото дерби во СЕХА- регионалната лигата против актуелниот шампион на истата  Веспрем. Нашите момци прикажаа одлична игра и одиграа нерешено 22-22 со еден моќен тим како Веспрем.

Ова гостување Сеха  кај моќниот тим на Веспрем го стартувавме со два погодока во мрежата на домаќинот, Вардар поведе со 0-2 со погодоците на Душебаев и Дибиров. Домаќините се обидоа и успееа за кратко да се вратат резултатски со мини серија од два гола изедначија на 2-2. Следеше игра гол за гол на двете страни паднаа по три гола резултатот на семафорот беше 5-5, но потоа следуваше налет на црвено-црните. Вардарци прават серија од 0-3 за дотогаш најголемо водство со  резултат 5-8 во 1 минута од мечот, за нашиот тим погодоците ги постигнаа Дибиров два и Душеабев еден погодок.  Домашниот тренер побара тајмаут по што Веспрем успеа да врати со иста таква серија и во 20.минута да изедначи на 8-8. Гонзалез веднаш побара минута одмор за да ја консолидира екипата, одбраната на Џамбо и двата гола постигнати од штотуку влезениот Македа и Дибиров донесуваат до тоа да поведеме со 8-10. Домаќините постигнуваат погодок за 9-10, но расположениот Марсениќ со два гола надополнети со една одбрана на Милиќ го враќа резултатот на максималната предност за нашиот тим во првиот дел од 3.гола за резултат 9-12. За жал тоа беше последен наш погодок домаќините се враќаат со три едноподруго погодоци за 12-12 на полувреме.

Вториот дел помеѓу најсилните два тима во СЕХА-Лигата и учесници во Л.Ш  почна со по два погодока во двете мрежи резултатот во 4.минута од вториот дел е 14-14.  Следи во продолжение серија од 1-3 за црвено-црните во 40 минута резултатот е 15-17. Во следната акција Веспрем намалува, но Дибиров со својот трет гол од исто толку удари од 7 метра, а 6-ти гол на мечот ја враќа повторно предноста на плус 2гола. Домаќинот повторно се враќа на реми со серија 3-1 за резултат 19-19 во 46.минута од овој сеха дуел. Шефот на стручниот штаб на црвено-црните побара тајмаут по ова изедначување со цел да не се изгуби ритамот во овој меч што во првиот напад резултираше со гол за нас кој беше 2-ри за Горбак, а 20-ти за нашиот шампион. Во продолжението домаќинот го пезема водството со серија 3-1. но со доста изгубени топки од обата тима во нападот во 52минута резултатот е 22-21. Веќе во следниот напад по прекрасната асистенци на Хорхе Македа пикерот Марсениќ ја враќа резултатската симетрија на семафорот во мечот на двата најсериозни кандидати за титулата во регионалната лига. Во продолжелнието по два гола на двете страни, особено убав гол на Дибиров за 24-24 кога вардарци беа со играч помалку по исклучувањето на Абутовиќ. Џамбо брани прекрасно, Душебаев промашува удар во последниот напад.

Тимур Дибиров беше стрелец број еден кај црвено-црните со 7 гола,  Душебаев погоди 4 пати, а   Македа, Карачиќ и Марсениќ имаа по 3 гола.  Кај домаќинот Веспрем највеќе погодоци имаше Наѓ 8, а Сулиќ и Лекаи постигнаа по 4 гола.