Тренерот на “модрите“ Зоран Мамиќ по ждрепката во Нион од како го доби нашиот шампион ФК Вардар во второто коло за Лигата на шампионите, даде изјава во која кажа дека во европскиот фудбал повеќе нема лесни мечеви, сепак очекува да мине Динамо Загреб понатаму, тој вели :
Тие ја освоил титулата во својата земја, па сигурно се квалитетен екипа и незгоден противник за кој мора добро да се подготвиме. Погледнете го Европското првенство на кое од меч во меч гледаме дека “малите“ се се поблиску до „големите“, така да денес нема лесни дуели.
Во својата изјава за официјалната клубска веб-страница тренерот на долгогодишниот хрватски шампион Загребски Динамо во продолжение дополнува дека се фаворити и дека во ова коло нема поправен ако се “киксне“, Мамиќ дополнува:
Ние сме фаворити имаме подобра екипа и верувам во пласман понатаму. Знаеме кои се нашите цели и во оваа фаза од натпреварувањето нема место за “поправен“ и целта е што подобро да се подготвиме за натпреварите кои ни следат. Сигурно дека нема да бидеме на “врвот“ од нашата форма, тоа на крајот не е ниту цел на почетокот од јули, али мора да бидеме доволно добри за да ги реализираме нашите желби и да минеме понатака.