Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Тоше Ончев: Оваа година завршивме на второто место, што за нас ке биде многу големо искуство за наредната сезона каде што поголемиот дел од играчите ќе настапуваме во најсилната супер лига
Тоше Ончев: Оваа година завршивме на второто место, што за нас ке биде многу големо искуство за наредната сезона каде што поголемиот дел од играчите ќе настапуваме во најсилната супер лига

Тоше Ончев: Оваа година завршивме на второто место, што за нас ке биде многу големо искуство за наредната сезона каде што поголемиот дел од играчите ќе настапуваме во најсилната супер лига

Екипата на РК Вардар 2 имаше успешна сезона како дебитанти во Првата ракометна лига. Оваа млада екипа се надмина себеси и под водство на тренерот Стојан Петрушевски успеа да го освои второто место, кое водеше во бараж за пласман во најсилната Супер лига. Регуларниот дел од сезоната го завршија со вкупно 19 победи и 3 порази, од кои два беа од екипата на ХЈС Работник, која е нов член во Супер лигата. Останатите мечеви ги добивавме без поголеми пролеми и со убедливи победи. Иако во бараж двомечот бевме поразени од екипата на Борец, овој млад состав одигра добар ракомет во текот на целата сезона и направи голем голем успех. Најдобар стрелец за РК Вардар 2 беше левиот бек Тоше Ончев, кој ја имаше сигурно најдобрата сезона пред себе.

-За нашите добри резултати пред се најголема заслуга има нашиот тренер Стојан Петрушевски, а се разбира и ние како играчи и затоа го имавме овој успех затоа што до последен натрпревар се држевме заедно. На почетокот ние како млади играчи бевме исплашени бидејќи ова беше многу појака лига од младинската лига, но сепак после првата утакмица се опуштивме малку и се беше многу подобро. Мислевме дека поразот од ХЈС Работник во првиот дел од сезоната ќе  биде единствен во есенскиот дел, но имавме лош ден и во Штип, каде бевме поразени од екипата на Текстилец. Во пролетниот дел од сезоната се покажавме многу подобри и се спремавме за решавачкиот натпревар против Работник на домашен терен, но сепак противниците беа поискусни и го добија овој меч, што беше и единсвен меч каде загубивме бодови. Секако ова за нас беше едно големо искушение.

Дури девет ракометари од овој состав во следната натпреварувачка сезона ќе бидат дел од екипата на РК Вардар Јуниор, која ќе ја предводи Стојан Петрушевски. Добрите игри и резултати беа препознаени од управата на клубот, која реши да потпише договор со девет играчи, кои ќе имаат можност за уште поголемо докажување во супер лигата.

-Оваа натреварувачка сезона ја завршивме на второто место, што за нас ке биде многу големо искуство за наредната сезона каде што поголемиот дел од играчите ќе настапуваме во најсилната супер-лига. Со нашиот тренер после 3 години заедно со оваа екипа имавме само 5 порази и мислам дека наредната сезона ке имаме многу повеќе успеси, изјави Тоше Ончев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски