Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Филип Манасиевски: Најважно е што освоивме три бода, со кои се наоѓаме на првото место на табелата.
Филип Манасиевски: Најважно е што освоивме три бода, со кои се наоѓаме на првото место на табелата.

Филип Манасиевски: Најважно е што освоивме три бода, со кои се наоѓаме на првото место на табелата.

Пионерите на Фк Вардар ја остварија шестата последователна победа во првенството. Академија Пандев беше новиот противник на црвено-црните, кој со наведнати глави си замина после завршување на мечот. Иако минимално, сепак победивме со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Давид Астарџиев. Еден од подобрите поединци на овој меч, Манасиевски со изјава за нашиот сајт.

-Многу сум задоволен од нашата игра, продолжуваме максмално бидејќи имаме уште многу до крајот. Во вчерашниот дуел го надигравме противникот славевме минимално иако можевме да постигнеме уште неколку погодоци, но најважно е дека освоивме три бода и се наоѓаме на првото место на табелата.

Помладите пионери се најуспешна Вардарова генерација која се натпреварува во лигата. Има вкупно шест победи и еден нерешен резултат.

-Наша цел е двојната титула. До крајот на полу-сезоната ни остануваат уште четири натпревари, од кој најважен е натпреварот со нашиот директен конкурент Металург, кој се надеваме дека ке го добиеме, изјави Филип Манасиевски.

Звонко Ивановски