На вчерашниот меч во Шведска со тимот на Кристијанштад средниот бек на црвено – црните Игор Карачиќ имаше лош судар со еден од домашните играчи. Нашиот играч беше изнесен од теренот поради настаната повреда, тој веднаш беше упатен кон Скопје на медицински прегледи .
Игор Карачиќ денеска дојде порано во Скопје, и отиде одма на анализи околу својата повреда добиена на вчерашниот натпревар. Од наши блиски извори дознаваме дека повредата не е сериозна, се работи за квадрицепсот. Игор веќе заврши со анализите, извршени во Хотел Русија.