Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за црвено-црните херои, утре Сеха меч со Спартак, Дибиров и Карачиќ се вратија во Скопје
Нема одмор за црвено-црните херои, утре Сеха меч со Спартак, Дибиров и Карачиќ се вратија во Скопје

Нема одмор за црвено-црните херои, утре Сеха меч со Спартак, Дибиров и Карачиќ се вратија во Скопје

Црвено – црните херои немаат многу време за одмор по вчерашниот дуел во Шведска и победата од 25:30 над домаќинот  Кристијанштад утре имаат нов предизвик овој пат во СЕХА-регионалната лига. Гостуваме кај тимот на РК Спартак Војпут од Суботица.

Тимот на Спартак Војпут е дебитант во регионалното натпреварување годинава, тие заедно со Војводина се преставници од соседна Србија во оваа сезона на СЕХА.  Вардар покрај во ЛШ прв е и во СЕХА лигата каде по 4 меча има 12 бода, а домаќинот на утрешниот дуел во Суботица има по пет одиграни дуела 4 бода со една победа едно реми и забележа досега три порази. Шефот на стручниот штаб на црвено – црните на ова гостување нема да смета на Игор Карачиќ и Тимур Дибиров кој по повредите во Шведска се упатени за Скопје на преглед во  болницата Аџибадем Систина. Момците по мечот во Суботица се враќаат дома да се подготвуваат за дуелот во  ЕХФ Лигата на шампионите во сабота со германски  Рајн Некар.