Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Филип Манасиевски: Само шест бода не делат од првопласираниот тим на Металург, што значи дека ништо не е изгубено
Филип Манасиевски: Само шест бода не делат од првопласираниот тим на Металург, што значи дека ништо не е изгубено

Филип Манасиевски: Само шест бода не делат од првопласираниот тим на Металург, што значи дека ништо не е изгубено

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар на седмото место го завршија есенскиот дел од сезоната во првенството. Забележавме пет победи, на два пати одигравме со нерешен резултат, додека на четири натпревари нашите противници излегуваа како победници во меѓусебните дуели. Сепак избраниците на Сашо Јанев остануваат во борбата за титулата, со оглед на бодовната разлика од само шест бодови од лидерската екипа на Металург. Како помина полусезоната за оваа Вардарова генерација можете да прочитата во изјавата за нашиот сајт од капитенот на екипата, Филип Манасиевски.

-Седмо место ,тоа е нашиот пласман после првата полусезона. Делува разочарувачки , но само 6 бода не делат од првопласираниот тим на Металург, што значи дека ништо не е изгубено. Нашата игра според мене оваа сезона е подобра од минатата, но слабата реализација и лошата кординација во одбраната не доведе до ова ниво. Имавме натпревари каде игравме добро, но недоволно да забележиме победа. Период кога екипата беше во криза, но ја надминавме, кога во последните три кола, освоивме седум бодови. На мечот во Тетово иако одиграме со нерешен резултат, бевме блиску до победата. Во последните две кола покажаме дека знаеме да играме фудбал и потсетивме на онаа екипа од минатата натпреварувачка сезона.  Јас не сум задоволен од прикажанато во есенскиот дел и сакам моите соиграчи да го даваат својот максимум на терен и да влегуваат на секој натпревар со желба, а не со потценување.

По завршување на полусезоната, Вардарци продолжуваат со напорните тренинзи и одигрување на контролни натпревари.

-Иминатиов периодов имаме по три тренинга неделно, ни следува мала пауза , а потоа ќе се припремиме максимално и ќе се обидеме да станеме шампиони, изјави Филип Манасиевски.

Звонко Ивановски