Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ и Мавсар во ТОП-5 најдобри стрелци на ЕП, но со завршен настап на ова првенство како и Кликовац, понатаму продолжуваат Херем, Лакрабер и Лејно
Пенезиќ и Мавсар во ТОП-5 најдобри стрелци на ЕП, но со завршен настап на ова првенство како и Кликовац, понатаму продолжуваат Херем, Лакрабер и Лејно

Пенезиќ и Мавсар во ТОП-5 најдобри стрелци на ЕП, но со завршен настап на ова првенство како и Кликовац, понатаму продолжуваат Херем, Лакрабер и Лејно

По одигрување на последното трето коло по групи на европското првенство во Шведска познати се репрезентациите кои продолжуваат во следната рунда, но и оние кои ги завршија настапите на овој мундијал. За нас интересни се ракометарките кои доѓаат од екипата на ЖРК Вардар. Во понатамошните натпревари ќе немаме можност да ги гледаме Лазовиќ и Мавсар кои со селекцијата на Словенија се елимирани уште по првата групна фаза. Словенија на три одиграни натпревари забележа само една победа, онаа против Шведска, која не беше доволна за продолжување на претстојот на ЕП. Доживеа порази од Србија и Шпанија.

vardarfans-penezic

Истото важи и за Хрватска, за која игра Пенезиќ и Човиќ, кои со три порази го завршуваат настапот на овој мундијал. Тие беа поразени во мечевите со Русија, Норвешка и Романија. Сепак две наши ракометарки можат да се пофалат со податокот дека се во ТОП-5 најдобри стрелци по завршување на прелиминарната рунда. Пенезиќ и Мавсар со идентични 20 постигнати голови се меѓу најдобрите стрелци, позиции кои за жал ги ќе ги загубат, со оглед дека испаднаа со своите репрезентации.

20161209_215929__fpx9119_268800_584b1cbc3

Камила Херем немаше поголеми проблеми да се пласира во главната фаза и тоа со четири бодови кои ги пренесуваат во следната група. Во решавачкиот натпревар за првото место, Норвешка беше подобра во дуелот против Русија. Избраничките на Трефилов многу подобро го започнаа натпреварот и на стартот имаа водство од 0:4. Првиот погодок Норвешка го постигна дури во 7 минута. Сепак до крајот на првото полувреме, скандинавките ја стигнаа предноста на Русија и на полувреме се замина со нерешен резултта од 11:11. Во првите десет минути од вториот дел се играше израмнето, по што Норвешка започна да ја презема играта и контролата на резултатот. Најпрво во 46 минута имаа водство од 19:17, за на четири минути пред крајот да ја осигураат победата, откако поведоа со 23:19. До крајот Русија само успеа да намали на 23:21, што беше конечен резултат. Камила Херем постигна 1 гол.

Црна Гора за која настапува Кликовац загуби во последното коло од групната фаза и тоа убедливо против Унгарија (21:14) и ги заврши настапите на ЕП. Селекторот Драган Аџиќ дојде до подмладен состав на ЕП, што на крај се покажа како неуспешен потег. Со само една победа и тоа минимална против Чешка и два порази ( Данска и Унгарија), Црна Гора е елиминирана од мундијалот во Шведска.

Покрај Херем, во наредните натпревари од главната рунда ќе ги гледаме уште и Лакрабер и Лејно, кои со Франција се пласираа понатаму.