Пионерите на ракометниот клуб Вардар завршија со натпреварите во домашниот шампионат, сепак за нив не престануваат натпреварувањата оваа година. Пред почетокот на зимската пауза за нив тие ќе бидат дел од ракометен силен, меѓународен турнир кој ќе се игра во Брчко – Босна и Херцеговина. На кој ќе има многу квалитетни учесници меѓу кои: француски ПСЖ, Веспрем, Црвена Звезда, Партизан, Целје, Загреб и.т.н.
Овој “Локомотива куп“ ќе биде 14-ти по ред турнир и ќе се игра во периодот од 16 до 18 декември. Момците со својот предводник А.Будимир на 15-ти четврток заминуваат за Босна за да учествуваат на овој турнир. Во пионерска категорија има пријавено 20 екипи меѓу кој и нашиот Вардар, од мечевите ќе има директни преноси преку видео стримови кои ние ќе ви ги носиме на нашиот сајт.
Tренерот на оваа генерација Будимир ни вели дека момците се подготвени, тие тренираат напорно , и се подготвени да го дадат својот максимум на овој турнир и да ги бранат боите на Вардар како што секогаш го прават во своите мечеви.