ФК Вардар, утре ќе го игра својот последен натпревар на гости во групната фаза на Лига Европа. Во Санкт Петерзбург ќе не пречека рускиот гигант Зенит. Нашиот ривал e предводен од легендарниот италијански фудбалер и тренер, Роберто Манчини. Тој оддржа официјалната прес-конференција по повод натпреварот меѓу Зенит и Вардар кој ќе се одигра утре во 19-00 часот. Манчини најави дека нема да настапи со сите сили на овој дуел.
Се разбира дека ќе има измени, не можам сега да кажам со кои играчи ќе го започнам мечот, но сигурно ќе има повеќе од една измена. Сакам да им дадам шанса на оние што помалку играат, за да го потврдат квалитетот. Лунев се чувствува добро по повредата од пријталексиот меч со Шпанија, но тој утре нема да брани. И Друиси ќе биде подготвен. Ќе видиме, но секако сакаме победа против утрешниот ривал без разлика кој ќе настапи- изјави Манчини.