Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар ја елиминира Шкендија од купот, кај генерацијата родени “2003“ година
Вардар ја елиминира Шкендија од купот, кај генерацијата родени “2003“ година

Вардар ја елиминира Шкендија од купот, кај генерацијата родени “2003“ година

Вардаровата генерација “2003“ ќе игра во полуфиналето на купот, откако денес одигра без голови 0:0, на реванш натпреварот во рамките на четврфиналето од купот на Македонија. Првиот меч одигран на теренот на Академијата им припадна на Вардарци, кои славеа со резултат 3:1.

fb_img_1511351404621

Денес на реваншот кој се одигра во Тетово, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар заврши со почетниот резултат 0:0. Двете екипи имаа шанси за постигнување на гол, но крајот резултатот остана 0:0. Оваа генерација на Вардар чии кормилар сезонава е Горан Петрески-Чунга ја брани двојната титула, освоена од минатата сезона.

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Јовановски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давидовски (c), Хасани, Стојановски, Прелоговски, Мирков, Андрески.

Во игра влегоа уште и Георг Стојановски, Димче Мешковски и Марио Петрушевски.