Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Благој Димчевски: Одбраната го реши победникот, на дербито против Металург
Благој Димчевски: Одбраната го реши победникот, на дербито против Металург

Благој Димчевски: Одбраната го реши победникот, на дербито против Металург

Вардар го доби кадетското ракометно машко дерби, совладувајќи го својот најголем ривал за првото место на крајот од сезоната. Ниту домашниот терен во спортската сала во населбата Автокоманда не им помогна на металурзите да избегнат пораз од тимот на Вардар. Црвено-црните имаа предност во најголем дел од натпреварот, а резулатски започнаа да се одлепуваат на стартот од второто полувреме, кога имавме три гола предност, која беше и најголема разлика. Упешно го зачувавме ова водство и до крајот на мечот, кој заврши со конечен резултат 25:26. Ова беше четврта победа од исто толку натпревари за избраниците на Андријана Будимир, во кадетската лига, со која се наоѓаме на првото место на табелата. За нашиот сајт впечатоците од победата во дербито, ги сподели пикерот на Вардар, Благој Димчевски.

-Овој дуел беше дерби во лигата, се очекуваше мечот да биде неизвесен до самиот крај, како што и беше. Нијанси одлучуваа за победникот, мојот тим играше беспрекорно и организирано како во одбраната така и во нападот. Одбраната пресуди за победникот на ова дерби. Според моите очекувања мојата екипа ке стане шампион во двете лиги, каде што настапуваме.

bl2

Сакам да упатам благодарност до тренерот Андријана Будимир за спроведената тактика на натпреварот и до сите мои соиграчи заради храбрата игра- изјави за нашиот сајт Благој Димчевски.

Звонко Ивановски