Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Манчини: Ги гледав мечевите со Малме и Фенербахче, Вардар може многу подобро
Манчини: Ги гледав мечевите со Малме и Фенербахче, Вардар може многу подобро

Манчини: Ги гледав мечевите со Малме и Фенербахче, Вардар може многу подобро

Вардар е поразен на стартот од групната фаза во лигата на Европа. Црвено-црните на арената “Филип Втори„ доживеа неочекувано висок пораз од екипата на Зенит. Уште по првото полувреме беа јасни работите, кога гостинската екипа имаше водсто од 0:3, а во вториот дел постигнаа уште два гола, за на крајот да остварат убедлив триумф. По завршување на мечот, на прес-конференцијата, тренерот на Зенит, Роберто Манчини истакна дека е задоволен од победата, но дека не очекувал ваков висок резултат.

-Одигравме многу добро пред се во првото полувреме, кога делувавме офанзивно и дадовме три голови со кои си ја олеснивме работата. Сепак мислам дека тоа беше тежок натпревар и на кој дадовме се од себе. Искрено не очекував ваков резултат и мислам дека тоа не е реален одраз на настаните. Вардар е добра екипа ги гледав мечевите со Малме и Фенербахче, на кој прикажавте добра игра. Заслугата е наша, но Вардар не е толку слаба екипа. Како и да е, задоволни сме од исходот затоа што во тимот имаме многу нови играчи кои допрва треба да се воигруваат. Дадовме пет гола и тоа е добар резултат.