На премиерниот натпревар во групната фаза од лигата на Европа, екипата на ФК Вардар загуби на домашен терен од силниот тим на Зенит. Гостинската екипа триумфираше убедливо со резултат 0:5 и ги освои првите бодови во групата. Црвено-црните одиграа под своите можности, со многу несигурности во одбраната, кои не чинеа голови во мрежата на Гачевски. Голманот на Вардар вели дека ваквите натпревари се големо искуство за неговата екипа, од кои треба да се учи и да остави подобар впечаток на следните дуели од ЛЕ.
-Самиот пласман во групната фаза од Лига Европа за нас е голема историја и успех. Сега, што играме натпревари со Зенит, Розенборг и Реал Сосиедад, тимови кои се моќни и имаат многу поголем буџет од нас, тоа е за нас едно големо искуство во кое треба да научиме како да се бориме и подобро да се претставиме пред Европа и нашата публика.
Овој натпревар е веќе зад нас и како што вели Гачевски треба да се обидеме да освоиме бодови, на мечевите кои следуваат.
-Сакаме да одиграме подобро на наредните мечеви и да освоиме бодови. Натпреварот зо Зенит го изгубивме убедливо, но не заслужиме толкав пораз. Зенит е многу поквалитетна екипа од Фенербахче. Нивна цел е да играат во финале на Лига Европа и тоа говори за нивниот квалитет и амбициите. Да се заблагодарам на Комитите, кои беа феноменални и беа во голема бројка, како и на публиката која се појави во голем број.