Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Влатко Манев: Со вклучувањето во “Вардар Јуниор лигата, ние како клуб добивме поголемо значење во градот и целиот регион
Влатко Манев: Со вклучувањето во “Вардар Јуниор лигата, ние како клуб добивме поголемо значење во градот и целиот регион

Влатко Манев: Со вклучувањето во “Вардар Јуниор лигата, ние како клуб добивме поголемо значење во градот и целиот регион

Вардаровата Јуниор лига е вистинско откритие на фудбалската карта во Р. Македонија. Покрај фудбалскиот клуб Вардар, можноста да бидат дел од лигата и да се натпреваруваат во неа ја имаат уште десет фудбалски школи од различни градови на нашата држава. Веќе се одиграа два пролетни турнири. Првиот беше органзииран во главниот град Скопје, додека можнот да биде домаќин на вториот турнир ја имаше градот Штип и екипата на Мал Ајакс- Вардар од Штип. Еден од тренерите во младинските категории на овој клуб е Влатко Манев. Имавме можност да поразговареме со него, кој ни ги сподели впечатоците од Јуниор лигата, но и не запозна со неговата екипа и лична кариера, како играч и тренер.

-Мал Ајакс постои од 2009 година, каде почнавме како екипа која играше мал фудбал. Сепак поради слабиот интерес во целата држава продолживме со голем фудбал. Инаку тренер сум од 2005 година, а ги имам земено лиценците Ц, Б и А уефа, останува уште про се надевам дека и таа за некоја година ќе ја имам. Како професионален играч настапував околу 15 години. За Брегалница од Штип играв пет години, бев и капитен во Саса Каменица и една година во Јака Радовиш во убавите години на Македонскиот фудбал од 1992-2006 година.

Манев го потенцира големото значење на “Јуниор лигата за клубот Мал Ајакс, кој го издигнал на едно повисоко ниво и ги ставил на исто рамниште со Брегалница и Академија Постолов.

-За нас  Јуниор лигата има големо значење, како клуб во “сенка“ на Брегалница и Академија Постолов-Пандев. Ние со “Вардар Јуниор“ лигата добиваме големо значење во градот и целиот регион. Веќе почнавме да значиме нешто повеќе во фудбалот во Штип и дојдовме на ниво на другите екипи од регионот, што не беше случај пред функционирањето на оваа лига.

Голема е честа за клуб кој постои седум години да се натпреварува и надигрува со поголеми екипи, како што се Вардаровите.

-Не очекувавме за почеток вакви добри резултати, но нашата работа во клубот и залагањето на сите, почнувајќи од секретарот и сите тренери со вложениот труд почнавме да постигнуваме одлични резултати. Знаејќи дека Вардар е клуб кој од секогаш бил број еден во младинските категории, за нас претставува голема чест да играме со црвено-црните генерации, а полека да покажуваме и резултати. Во пролетниот дел започнавме да се натпреваруваме и во генерација 2006, каде на првиот турнир во Скопје нашиот играч Дарјан Тасев беше прогласен и за надобар стрелец, постигнувајќи 6 гола на 2 натпревари.

Мал Ајакс- Вардар се натпреварува во генерации родени 2003, 2005 и 2006 година. Тренерот Манев е задоволен од игрите и резултатите кои ги постигнуваат екипите на клубот.

-На завршниот турнир во есенскиот дел нашата генерација родени 2003 година во финалето со екипата на Вардар одигравме без голови 0:0, но поради послабата гол разлика завршивме на второто место. Генерација родени 2005 година во полуфиналето ја победи екипата на Спорт Ефе со 3:0, додека во финалето бевме поразени од Вардар со резултат 5:1, изјави Влатко Манев за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски