Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ПРВИ ФИНАЛИСТИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПОРАЗЕН Металург СО ВИСОКИ 4:0
ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ПРВИ ФИНАЛИСТИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПОРАЗЕН Металург СО ВИСОКИ 4:0

ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ПРВИ ФИНАЛИСТИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПОРАЗЕН Металург СО ВИСОКИ 4:0

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се први кои обезбедија финале во купот на Македонија. Денес на теренот на железарница избраниците на Сашо Тодоровски им одржаа вистинска лекција по фудбал на своите врсници од Металург, совладувајќи ги со високи 4:0

Оваа Вардарова генерација дефинитивно се наоѓа во одлична форма. После првиот пролетен пораз од екипата на Работнички, црвено-црните во продолжение од сезоната нанижаа веќе пет победи и само еден нерешен резултат и тоа оној на првиот полуфинален дуел во купот со истиот противник. Да потсетиме дека првиот меч одигран на теренот во населбата Марино, заврши со оној почетен резултат од 0:0. Денес се очекуваше поизрамнет и понеизвесен меч. Уште од првите минути нашите пионери тргнаа офанзивно кон голот на Металург. Натпреварот со гол го отвори Марко Ѓорѓиевски за водство од 1:0, додека Саит Битиќи зголеми веќе на солидни 2:0, што беше и резултат актуелен по првото полувреме. Уште по првите 40 минути се наѕираше патникот во големото финале.

Ниту во вториот дел Вардарци не се повлекоа, иако имаа сигурна предност која им даваше големи шанси за триумф. Металург речиси и да не се закани кон голот на Малик Зибери, додека црвено-црните уште два пати до крајот ја тресеа противничката мрежа. На 3:0 зголеми Александар Ѓеоргиески, додека “печат“ на големата победа и пласманот во финалето стави Кристијан Ристовски, за конечни 4:0

После големата првенствена победа во дуелот со Шкендија и заземање на првото место на табелата, избраниците на Тодоровски направија уште еден голем чекор во борбата за двојната круна, навестувајќи дека се наоѓаат во можеби најдобра форма од почетокот на сезоната.

ФК Вардар: Зибери, Спасиќ, Рамиќ, Ѓеоргиески, Каркалашев- Трајковски, Пешевски, Адем, Бериша, Дардлиша, Ѓорѓиевски, Битиќи.