Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Четворица играчи на Победа во минатото го носеле “црвено – црниот” дрес
Четворица играчи на Победа во минатото го носеле “црвено – црниот” дрес

Четворица играчи на Победа во минатото го носеле “црвено – црниот” дрес

Вардар денеска во населбата Ѓорче Петров ја пречекува прилепска Победа. Во составот на Победа дури четворица играчи во минатото го носеле “црвено – црниот” дрес. Станува збор за: Александар Крстески, Јасир Асани, Благоја Гешоски и Борче Маневски.

33 годишниот Крстески во далечната 2009/10 го носеше дресот на Вардар каде одигра 12 првенствени натпревари, Асани во Вардар се задржа од 2013 до 2016 година. Покрај нив двајца, тука се и искусните напаѓачи, Гешоски кој на седум пати го облече дресот на Вардар во сезоната 2012/13 и Борче Маневски кој им е добро познат на Вардаровите навивачи. Маневски во сезоната 2012/13 дојде во Вардар од редовите на Работнички. Овој играч во дресот на Вардар настапи на 26 првенствени натпревари и постигна седум погодоци.

Токму од Маневски попладнево се очекува да доаѓа најголемата опасност по голот на Вардар.