Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Милица Николиќ и Андреа Илиќ нови засилувања за ЖРК Вардар СЦЈС
Милица Николиќ и Андреа Илиќ нови засилувања за ЖРК Вардар СЦЈС

Милица Николиќ и Андреа Илиќ нови засилувања за ЖРК Вардар СЦЈС

Втората екипа на ЖРК Вардар од петокот се наоѓа во Маврово, каде ќе го одработи главниот дел од подготовките за новата натпреварувачка сезона. Веќе известивме како ќе изгледа составот на екипата во новата сезона, со тоа што има уште две нови засилувања кои се дел од Вардар СЦЈС на подготовките во Маврово и ќе бидат на располагање за натпреварите во супер-лигата. Покрај Мартина Стефановска која дојде од екипата на Велкова, како и Арлинда Динарица, која пристигна од тимот на Кастриоти од Косово, нови ракометарки во составот на Симовски се младинската репрезентативка, Милица Николиќ и кадетската репрезентативка Андреа Илиќ кои дојдоа од екипата на Металург. Тоа значи дека во новата сезона ќе го гледаме најмладиот состав во супер лигата, а тоа е токму екипата на Вардар СЦЈС, која повторно од клупата ќе ја предводат тандемот, Симовски и Царчев.

Тренинзите во Маврово се одвиваат во најдобар ред, а девојките даваат се од себе. Тука остануваме до 27-ми август, кога ќе се вратиме во Скопје и ќе продолжиме со тренинзи.