Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марио Асенов- Мечот со Еуромилк го одигравме добро

Марио Асенов- Мечот со Еуромилк го одигравме добро

vardarfans ardenov

Во неделата на стадионот  Цементарница 55  се одигра дуелот во лигата за помлади пионери (У-16) каде нашите момци гостуваа на тимот на Еуромилк. Црвено – црните ја однесоа победата  со резултат 4:0. На полувремето се замина со предност  2:0 со головите на Виктор Мирчевски и Ибрахим Ариф . Во вториот дел повторно се разбудија нашите стрелци и на 3-0  зголеми Марио Асенов. Токму од него побаравме мислење за овој дуел младиот Асенов вели :

Мечот со нашите врсници од Еуромилк помина прилично добро за нас. Имавме многу шанси добар дел искористивме , а најважно од се игравме фантастично .

Го запрашавме овој млад фудбалер на црвено- црните колку значи за него погодокот на овој меч и очекувањето за продолжението од возбудувањата во домашните натпреварувања:

Погодокот што го постигнав за зголемување на предноста ми значи бидејќи тоа е еден од поретките кој јас ги постигнувам за тимот. Очекувам во иднина да продолжиме со добри игри и да го освоиме Купот на Р.М и титулата во лигата- Вели Арсенов за Вардарфасн.мк