Конечно комплетирана е групата Ц во женскиот дел од ракометната лига на шампионките. Последен учесник кој преку квалификациските турнири успеа да обезбеди место во ЛШ е тимот на некогашниот европски и унгарски шампион Ѓер.
Екипата на Ѓер која минатата година беше вицепрвак на својата земја мораше местото во елитата да го бара низ квалификациски турнир. На истиот без поголеми проблеми беше најдобар колектив и се пласираше во групата Ц кај што е нашиот црвено – црн шампион. Покрај овие две екипи во групата се и тимовите на Хипо и Митјиланд. На 17 октомври тимот кој лани го победивме на гостински терен и му ја скративме приликата да настапува на завршниот Ф4 турнир гостува во Скопје. Во С.Ц Јане Сандански токму овој меч ќе биде отварање на овогодинашната најелитна женска европска лига.