Младите фудбалски надежи во сите четири категории младинци, кадети, пионери и помлади пионери овој викенд излегоа на мегдан со тимот од скопската населба Лисиче- ФК Еуромилк. Нашите надежи остварија победи во сите четири дуела. Со вкупно постигнат 12 погодоци на сите дуели. Истите може да ги погледнете на видеата поставени во текстот.
- Помлади пионери: Фк Еуромилк- ФК Вардар 0:4 (0:2) овој меч се одигра во недела 11:00 нагости на Стадионот на Цементара-55. Стрелеци на погодоците за црвено – црните беа : Виктор Мирчевски, Ибрахим Ариф , Марио Асенов и Матеј Николов- ВИДЕО
- Пионери: Фк Еуромилк- ФК Вардар 0:1(0:0) и овој меч се одигра во недела 13:00 нагости на Стадионот на Цементара-55 . Стрелец на единствениот погодок за вардарци на овој дуелот беше младиот Александар Ѓорѓиоски. – ВИДЕО
- Кадети: ФК Вардар – Фк Еуромилк 3:1(2:0), кадетите беа домаќини во сабота со почеток од 11:00 на теренот на Локомотива .Стрелци на головите на овој дуел беа : Менкиноски (2) и Трајчевски – ВИДЕО
- Младинци: ФК Вардар – Фк Еуромилк 4:1(2:0) црвено- црните на овој дуел беа домаќини во сабота со почеток од 13:00 на теренот на Локомотива.Стрелци беа: Јасир Бекири(2), Кристијан Апостоловски и Ердон Даци . – ВИДЕО