Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Подготви се Вардарова армијо, започнува Л.Ш!
Подготви се Вардарова армијо, започнува Л.Ш!

Подготви се Вардарова армијо, започнува Л.Ш!

Подготви се Црвено – Црна армијо навивачи на Вардар, в недела започнува новата сезона во ракометната Лига на Шампиони. Оваа година нема изговори, нема притисоци, сите не знаат, сите ја знаат јачината на РК Вардар, сите знаат со каква силина располага овој Црвено – Црн тим. И самите играчи се свесни дека овој тим има големи амбиции оваа сезона, зрели сме за Ф-4, надополнети со неколку одлични нови играчи, речиси на сите позиции. Нека биде ова една голема, убава долга сезона за Вардарци, па сите заедно да се радуваме на големи успеси и оваа година.

Походот кон освојување на Л.Ш го започнуваме веќе во недела, и тоа во Франција против стариот познаник, екипата на Монпелје. Со овој француски тим се сретнавме минатата сезона на два пати. Во Франција одигравме нерешено, додека пак дома го совладавме овој тим. Но ова е друг Вардар, ова е посилен Вардар, овој Вардар не смее да се плаши од никого! Затоа нема изговори и оваа сезона, одиме на пехар!

Фото: rkvardar.mk